„Римската волчица“ го покори Милано, Дибала и Смолинг го решија Интер (Видео)

Фудбалерите на Рома во дербито на 8 коло во Серија А, славеа со 2:1 и тоа со пресврт на гостувањето кај Интер.

„Нераѕурите“ офанзивно го започнаа натпреварот и веќе во 10 минута Един Џеко постигна гол, но судијата по консултација со ВАР собата, го поништи голот поради офсајд.

https://twitter.com/i/status/1576248271961456643

 

Домаќините продолжија со нападите и во 30 минута Федерико Димарко постигна гол за 1:0. До крајот на првиот дел Рома дојде до израмнување и тоа преку Пауло Дибала кој во 39 минута го совлада Хандановиќ.

Пресвртот и трите бода за „римската волчиња“ ги донесе Крис Смолинг во 75 минута.

https://twitter.com/i/status/1576250626257854464

Со триумфот Рома се искачи на четвртото место на табелата со 16 бода, четири помалку од лидерот Наполи, додека Интер остана на 12 бода.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести