Лацио во 93-та минута се извлече од пораз дома против Торино и одигра 1-1, но и тоа не е добро во трката со Фиорентина за шестото место кое носи излез на европска сцена.
Сега римските Орли ист број бодови со Виолетовите кои се шести, и еден помалку од петтата Рома, а и Фиорентина и Рома имаат и по еден меч помалку од Лацио.
Торинските Бикови поведоа на „Олимпико“ благодарение на голот со глава на Пјетро Пелегри во 56-та минута, десет минути откако тој влезе во игра. Изедначи Чиро Имобиле во третата минута од судиското продолжение, по десеттата асистенција на Сергеј Милинковиќ Савиќ сезонава.