Типувањето за новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе е отворено. Првиот натпревар започнува во сабота, во 15:30 часот, а тоа значи дека типувањето ќе биде отворено дотогаш.
Најголемите предизвици за играчите на Спортската прогноза се римското дерби помеѓу Лацио и Рома, но и двете дерби-пресметки во Премиер лигата. Најинтересниот меч во саботната програмата е дуелот на Манчестер јунајтед и Челзи, додека во недела играат Арсенал и Манчестер сити.
Второто коло од Спортската прогноза содржи пет натпревари од англиската Премиер лига, но и по два меча од германската Бундеслига, француската Лига 1, шпанската Ла Лига и италијанската Серија А.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


