Рио Фердинанд: Манчестер јунајтед и понатаму е поголем клуб од Ливерпул

Поранешниот дефанзивец на Англија и на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, изјави дека Црвените ѓаволи и понатаму се поголем клуб од новиот шампион Ливерпул.

Клубот од Мерсисајд се израмни со Манчестер јунајтед според бројот на титули и двата тима сега имаат по 20 шампионски трофеи.

Веднаш по освојувањето на титулата во Премиер лигата, друг поранешен дефанзивец на Јунајтед, Гери Невил, со жалење изјави дека Ливерпул сега е поголем клуб.

Сепак, Фердинанд не се согласи со него.

„Ливерпул е најуспешниот клуб во земјата, но не и најголемиот. Тоа е факт! Каде и да отпатувате низ светот, ќе видите дека Манчестер јунајтед има повеќе фанови од Ливерпул. Секако, тоа може да се промени ако Ливерпул продолжи со успеси, а Јунајтед не“, изјави Рио Фердинанд.

- Оглас -

Најнови вести