Риос ја обвинува АТП: Тие се најголемо ѓубре што постои, ги туркаа Агаси и Сампрас

Марсело Риос остро ја критикуваше Асоцијацијата на професионални тенисери, АТП, за прикривање на допинг-тестовите на двајцата американски тенисери Андре Агаси и Пит Сампрас.

Чилеанецот беше број 1 на АТП-листата, но вели дека Агаси четири пати бил допингуван и челниците на АТП знаеле за тоа, но не го казнувале.

„АТП е најголемото ѓубре што постои во професионалниот спорт. Го фаќаа Агаси четири пати со позитивни тестови, но не го казнуваа. Имаше протекција, инаку тенисот ќе пропаднеше“, со доза на иронија изјави Риос.

Според Риос, и Сампрас бил привилегиран, но не во толкава мера како Агаси.

„Со Бругера често разговаравме дека подлогата на турнирите од Мастерс треба да се менува. На тврда подлога сè беше лесно за Сампрас. Нас нè одбиваа затоа што бевме Јужноамериканци“, заврши Риос.

- Оглас -

Најнови вести