Рис Џејмс донесе водство за Челзи, но мечот е прекинат во 85-та минута поради лоши временски услови (Видео)

Лошите временски услови во Шарлот не дозволија да заврши вториот осминафинален меч од Светското клупско првенство. Челзи има водство од 1-0 против Бенфика, но дуелот е привремено прекинат во 85-тата минута. Не е познато колку долго ќе трае прекинот.

Челзи беше подобар тим во досегашниот тек од средбата, а водството го донесе Рис Џејмс со погодокот во 64-та минута. Тој одлично изведе слободен удар и ја затресе противничката мрежа изненадувајќи го голманот откосо од левата страна.

- Оглас -

Најнови вести