2.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Рисе му се врати на фудбалот на 42 години и веднаш постигна гол

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и на норвешката репрезентација, Јон Арне Рисе, одлучи на 42 години повторно да ги облече копачките и да заигра фудбал.

Рисе кој со Ливерпул во 2005 година триумфира во Лигата на шампионите, моментно е тренер на женскиот тим на Авалднес, но одлучи да игра за машкиот тим на Авалдес и постигна гол во убедливата победа на неговиот тим од 10:2 над Рубестаднес. Рисе кој одигра 24 минути, голот го постигна од белата точка во 74-та минута.

„Тоа беше лошо изведен пенал, но голманот не успеа да го одбрани шутот“, изјави Рисе за НРК.

- Оглас -

Најнови вести