Ришарлисон има понуди да се врати во Бразил

Напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон, има можност да се врати во родниот Бразил бидејќи за него постои интерес од два клуба од Рио де Жанеиро.

Фламенго е подготвен да понуди 20 милиони евра за неговиот трансфер, додека се шпекулира дека интерес покажува и Флуминенсе, клубот каде што Ришарлисон настапуваше на почетокот од својата кариера.

Сепак, договорот засега е далеку од реализација бидејќи Тотенхем бара двојно повисок износ како отштета, а и самиот играч, наводно, повеќе би сакал да остане во Лондон и да се избори за место во тимот.

Ришарлисон оваа сезона пропушти дури 11 натпревари во Премиер лигата поради повреда на тетивата. Инаку, Тотенхем го ангажира од Евертон пред две и пол години за огромни 58,5 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести