Ришарлисон ја здроби Германија за едно полувреме, се крчка ли реванш за бразилскиот дебакл пред 7 години? (Видео)

Ришарлисон одигра блескава партија фудбал за Бразил во првото полувреме против Германија и со хет-трик речиси и го реши мечот што требаше да биде дерби на првото коло на олимпискиот турнир.

Напаѓачот на Евертон беше прецизен во седмата, 22-рата и 30-тата минута, а Бразил води со 3:0 по првото полувреме. Резултатот можеше да биде и поубедлив, но Куња промаши пенал за Кариоките во последмите моменти од првиот дел.

Германците беа немоќни да го задржат 24-годишниот стрелец на хет-трик, а се соочуваат со тежок пораз и можеби и реванш на Бразил за дебаклот на Мундијалот во 2014 година, кога како домаќини загубија од Панцерите со 1:7.

 

- Оглас -

Најнови вести