Ришарлисон ќе биде замената за Виктор Осимен во Галатасарај

Напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон, е многу блиску до преселба во редовите на турскиот шампион Галатасарај. Новиот менаџер на Тотенхем, Томас Франк, му дал зелено светло на клубот да се раздели со бразилскиот репрезентативец, поради тоа што не влегува во неговите планови за наредната сезона.

Ришарлисон пристигна во Тотенхем летото 2022 година од Евертон за речиси 60 милиони евра, но неговиот престој во Лондон беше проследен со бројни повреди и несреќни околности, кои го спречија да го покаже својот вистински потенцијал.

Клубот сака да се ослободи од неговата висока плата, па тој бил понуден и назад на Евертон како замена за Калверт-Луин, кој е пред заминување. Сепак, Карамелите ја одбиле таа опција.

Сега Галатасарај се појавува како најсериозна опција, каде Ришарлисон би дошол како наследник на Виктор Осимен. Турскиот гигант, кој веќе го доведе Лирој Сане од Баерн Минхен како слободен агент, е подготвен да плати околу 20 милиони фунти за бразилскиот напаѓач.

- Оглас -

Најнови вести