Ришарлисон се инаетеше да го изведе пеналот, соиграчите мораа да интервенираат (видео)

Евертон со рутински 2-0 над Брајтон избори втора победа во Премиер лигата под водство на Рафа Бенитес, но шпанскиот стратег сигурно нема да биде задоволен поради расправијата на две негови ѕвезди непосредно пред вториот гол.

Во 57-та минута беше доделен пенал за гостите, за кој Ришарлисон се инаетеше да го изведе и не сакаше да му ја даде топката на Калверт-Луин. Останатите соиграчи мораа да интервенираат и да го убедат лутиот Бразилец да ја остави одговорноста на Доминик, а англискиот напаѓач покажа дека е вистинскиот човек за изведување најстрога казна.

https://twitter.com/KylianMbappeSZN/status/1431638783783542784

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести