Денеска во трговскиот центар „Скопје Сити мол“ од 17 до 19 часот, Фудбалската федерација на Македонија организира настан преку кој може да се дојде до билет за саботниот меч помеѓу Македонија и Лихтенштајн од Лигата на нации.
Тоа што треба да се направи е заинтересираните да се фотографираат со маскотата „Риско“, потоа на „Фејсбук“ да ја озчачат групата Фудбалска Репрезентација на Македонија, да постираат #АјдеНаСтадион, и ќе освојат влезница.
Натпреварот се игра на 13 октомври со почеток во 20.45 часот, а пред средбата, ќе се одржи и церемонија во чест на составот кој во 1993 година во Крањ, Словенија, го игра првиот историски натпревар за националниот тим самостојна Македонија.