Рисовите барем двапати ќе ја тресат мрежата на Казахстан

6748 Maкедонија – Казахстан (17ч)

Потребна е победа за тимот на Ангеловски со цел да се крене расположението на едно скалило погоре во пресрет на историскиот настап на ЕП. Словенците ни ја одзедоа победата во последните моменти од контролката во Скопје, но сега Рисовите се во пофаворитска ситуација до тој меч иако Казахстан е непознат противник.

Првпат нашата селекција ќе се пресмета со Казахстан, а фактот што повторно Македонија игра на Националната арена треба да биде доволна причина да се оствари добар резултат.

Нашиот селектор најави дека ќе го меша составот за овој дуел, но и покрај тоа се очекува солиден настап на македонските фудбалери. Македонија во три од последните пет меча на домашен терен постигна два или повеќе гола, што е добра најава за повторно да се покаже ефикасноста.

Предлог тип: Т1 2+ (1.96)

 

6704 Шпанија – Португалија (19:30ч)

Овој пар има потенцијал да се најде и во самото финале на Европското првенство, но прво во Мадрид ќе разигруваат во пријателски рамки со надеж дека како два гиганти ќе приредат возбудлив дуел на „Ванда Метрополитано“.

Шпанија последен пат славеше во полуфиналето од ЕП 2012 по пенал-рулет против актуелниот европски првак, а оттогаш двете селекции ремизираа при 3-3 и без голови во мундијалските квалификации, односно во контролен меч.

Фуријата во мечот ќе влезе со малку подобра форма од три победи и две ремија, додека составот предводен од Кристијано Роналдо има еден пораз во последните пет меча, а меѓу трите наредни победи се наметна и едно реми против Србија.

Предлог тип: ГГ (1.75)

 

6706 Италија – Чешка (20:45ч)

Аѕурите се во неверојатна победничка серија од седум меча со гол-разлика од 21-0. Откако Манчини е селектор, Италија не знае за пораз, а се чини дека така ќе остане и пред ова загревање со Чешка во пресрет на Европското првенство, во кое селекцијата на Чизмата важи за една од фаворитите.

Во вкупно шест меѓусебни дуели, двете селекции паметат по две победи и вкупно две ремија, а се среќаваат за првпат од мундијалските квалификации од 2013 година.

Чешка пред четири дена загуби минимално од Велс и е на прагот да го претрпи второто разочарување пред континенталниот собир.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.06)

 

6705 Унгарија – Кипар (20ч)

Унгарија најдоцна од сите селекции-учеснички на ЕП ги почнува подготовките, па денес на стадионот „Ференц Пушкаш“ го пречекува Кипар, во меч кој треба да го добие без поголеми потешкотии.

Унгарците првпат по 14 години пауза ќе се сретнат со оваа репрезентација, а последната средба не заврши во нивна полза при пораз од 1-2, со што се прекина перфектниот учинок од шест последователни победи над Кипар.

Од меѓусебните дуели може да се заклучи дека голови нема да недостасуваат бидејќи само еднаш Унгарија и Кипар одиграле меч во кој имало само еден гол.

Предлог тип: 3+ (1.97)

 

6736 Велс У21 – Молдавија У21 (20:30ч)

Надежите на Велс со триумф треба да ги стартуваат квалификациите за младинското ЕП 2023, со оглед на тоа дека држи позитивен биланс во меѓусебните дуели против младата селекција на Молдавија.

Велшаните славеа во два од вкупно четири средби на овие две селекции, при што еден дуел ѝ припадна на Молдавија и се памети реми без голови.

Двата тима се во лоша форма, само со по една победа пред овој меч и нема да биде изненадување доколку еден гол го реши победникот.

Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.73)

- Оглас -

Најнови вести