Рисовите ги наострија канџите за Словенија (фото)

Расположението во репрезентацијата е на високо ниво во пресрет на квалификацискиот дуел за ЕП 2020 против Словенија. На првиот тренинг на тревата од арената „Тодор Проески“, избраниците на Игор Ангеловски ги остреа канџите за следниот предизвик, кој ги очекува во четврток.

Насмеани лица, максимален фокус на подготвителноста се само дел од карактеристиките кои ќе придонесат да се оствари позитивен резултат против квалитетниот состав на Словенија. Се гледа дека нашите Рисови се спремни за предизвикот, очекуваме да го докажат тоа, па со весела атмосфера потоа да се отпатува за Варшава.

 

- Оглас -

Најнови вести