На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, најдобрата македонска фудбалска репрезентација го оддржа последниот тренинг пред утрешното патување за Грузија.
Селекторот на нашата репрезентација, Игор Ангеловски, тренингот го одржа без репрезентативците кои го одиграа целиот вчерашен натпревар против Ерменија на кој славевме со 2-1 и со победа отворивме во новото издание од Лига на нации, овојпат во Лигата Ц.