Рисовите пристигнаа на Исланд, слетаа во Кефлавик

Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во Кефлавик, Исланд, по пет часа лет, а од таму со автобус се упати кон главниот град каде што за два дена ќе го одигра вториот квалификациски меч од овој циклус.

Рисовите уште околу еден час со автобус ќе патуваат до Рејкјавик, а потоа ќе може да се сместат и да ги почнат последните подготовки за дуелот против исландската селекција.

По вчерашното реми без голови со Ерменија во Скопје, во кое Благоја Милевски дебитираше на селекторското столче, надежите се дека нашите фудбалери ќе покажат подобра игра против незгодниот противник и со позитивен резултат ќе се вратат од непријатното гостување.

Дуелот Исланд – Македонија е закажан за 5 септември со почеток од 18 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести