Македонската сениорска фудбалска репрезентација од синоќа е во Ереван, каде што се подготвува за утрешниот многу важен дуел против Ерменија од квалификациите за Светското првенство кое следната година ќе се игра во Катар.
Нашите репрезентативци денеска одржаа и тренинг на стадионот, на кој утре против себе ќе ги имаат ерменските играчи предводени од Хенрих Мхитарјан и публиката. За двата тима победата е задолжителна ако сакаат да останат во игра за пласман во баражот за СП.
Моменти од тренингот може да видите ТУКА.