„Рисовите“ слетаа во топлиот Тбилиси и се надеваат на нов успех против Грузија (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација слета во Тбилиси, каде што ќе го одигра мечот од Лигата на нациите против Грузија. Времето во главниот град на оваа земја е за повеќе од десеттина степени потопло од Скопје, а нашите репрезентативци, како и секогаш, имаат одлична тимска атмосфера.

Експедицијата веднаш се упати кон хотелот, каде што следува задолжителен одмор, а првиот тренинг ќе го имаат утре, додека натпреварот против Грузија е закажан за в петок од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести