Ристо А. и Димитар М. покажаа одлично знаење во 9-тото коло на Спортска прогноза. Овие двајца играчи на популарната игра беа најдобри од речиси 1.800 прогнозери во ова коло и на крајот погодија 11 од можните 13 дуели. За 11 погодени мечеви, Ристо и Димитар ќе си добијат вредносни ваучери од по 500 денари во Sport Life, а беа многу блиску до освојување на мобилен телефон „ајфон 11“, кој се добива со погодување на Среќна 13-ка.
Дека лошиот старт не мора ништо да значи, покажа Ристо, кој ги не ги погоди првите два меча. Евертон – Манчестер јунајтед ја играл „кец“, а победија гостите, додека за Кристал палас – Лидс очекувал нерешено, а домаќините славеа убедливо со 4:1. По тие две утки, Ристо успешно ги погоди фиксовите на преостанатите 11 парови и доби ваучер од 500 денари во Sport Life.
На Димитар за неколку секунди му побегна да ја фати Јувентус „двојка“ затоа што Лацио израмни на 1:1 во последните моменти. Не е погоден и дуелот Лороен – Нант, на којшто очекувал нерешено. До 80-тата минута беше 0:0, но гостите во последните 10 минути со два погодоци стигнаа до победата. И за Димитар има ваучер од 500 денари во Sport Life.
Во Генералниот пласман по 9 одиграни кола, во водство се тројца играчи со по 68 бодови, а тоа се: Селим Ш., Васе П. и Димчо Р.