Некогашниот капитен на македонската репрезентација и актуелен член на Динамо Загреб, Стефан Ристовски се покажува како одличен домаќин на најтрофејниот македонски клуб Вардар.
Хрватскиот и македонски гигант од 19 часот ќе играат пријателски меч во чест на 77-миот роденден на Вардар. Пред да ја започне интернационалната кариера, Ристовски беше дел од Вардар, клубот во кој почна неговата успешна фудбалска приказна.
Токму затоа, сега Ристовски со задоволство ги пречека вардарците, па и фотографираше во друштво на голманот Филип Гачевски, капитенот Дарко Мицевски…
Ристовски не го заборави Вардар и во периодот кога на Црвено-црните им беше најтешко, па знаеше да помогне на Комити и останатите. Сепак, сега Ристовски ќе биде во улога на ривал на Црвено-црните во пријателскиот меч по повод роденденот на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
Пораката на Ристовски е едноставна во два збора и гласи „Вардар засекогаш“.