Ристовски го украде шоуто – Со „стиплчез“ падни-стани стаса на терен да се радува (Видео)

Стефан Ристовски поради суспензија не играше во финалето на националниот куп за Спортинг против Порто, а сепак неговата реакција по големиот триумф на „лавовите“ од Лисабон стана хит на социјалните мрежи.

Во драматичен финиш Спортинг по подобро изведување на пенали стаса до втората куп круна сезонава, а Ристовски веднаш по прецизниот удар на Фелипе за победа, полуде од радост, се сопна од оградата, но некако стаса да ги скокне сите пречки и да се радува со соиграчите на теренот.

Погледнете го спринтот на македонскиот репрезентативец од трибините.

https://twitter.com/ultras6p/status/1132373048189956096

- Оглас -

Најнови вести