Милан Ристовски, напаѓачот на македонската репрезентација, верува дека нашата селекција има сили и квалитет да ја победи Грузија в четврток во Скопје. Македонија одигра два меча во Лигата на нациите и има една победа над Гибралтар (2:0) и реми против Бугарија (1:1).
„Го покажавме нашиот квалитет на овие два меча, но сметам дека можеме и повеќе и тоа ќе го покажеме против Грузија. Сигурно дека со двете победи и тие се со зголемена самодоверба и ќе дојдат мотивирани да се борат за првото место. Сепак, ние треба да веруваме во нас, во нашиот квалитет и да покажеме желба и борба на секој следен дуел. Направивме анализа на грузиската игра и се надевам дека ќе бидеме поуспешни. Предноста е нашето заедништво и тимскиот дух“, рече Ристовски пред денешниот тренинг.