Ристовски и Адеми го освоија и Купот на Хрватска

Фудбалерите на Динамо Загреб по шампионската титула, денеска триумфираа и во Купот на Хрватска откако во реваншот ја совладаа Риека со 3:1. Првиот натпревар кој се играше пред една седмица заврши без голови.

„Модрите“ работата ја завршија уште во првото полувреме кога Петар Сучиќ во 28-та и Мартин Батурина во 42-та минута ја затресоа мрежата на Риека.

Марко Булат во 82-та минута погоди за 3:0, додека Риека во судиското продолжение преку Тони Фрук постигна почесен гол.

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, го одигра целиот меч за Динамо Загреб, додека Аријан Адеми беше во првиот тим, но беше заменет во 81-та минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести