Ристовски и Динамо ја понижија Астана, загрепчани веќе се во следната фаза (Видео)

Динамо од Загреб со убедлива предност од 4-0 ќе патува на реваншот во Казахстан против Астана. Клубот за кој настапува капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, победникот на натпреварот го реши за само седум минути во првото полувреме.

Резултатот го отвори Бруно Петковиќ во 36-тата минута, а Лука Иванушец во 41-вата и 43-тата минута донесе убедливи 3-0 за Динамо на паузата.

Во второто полувреме клубот од Загреб постигна уште еден гол, воедно трет за Иванушец на овој натпревар за конечни 4-0.

Стефан Ристовски одигра 90 минути за Динамо Загреб, а нашиот фудбалер во 26-тата минута ја погоди и гредата од голот на Астана, откако со глава биеше после еден корнер.

Динамо Загреб веќе може мислите да ги насочи кон третото квалификациско коло од Лигата на шампионите и дуелот против шампионот на Грција, АЕК од Атина.

За екипата на Астана сите 90 минути ги одигра поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Алекса Амановиќ.

На вториот натпреварот од 20 часот, екипата на Панатинаикос со убедливи 3-1 го совлада украинскиот претсваник Днипро на гостински терен, во делот од квалификациите за екипите кои не се шампиони на своите земји.

- Оглас -

Најнови вести