Ристовски и Фернадес ќе настапат во суд наместо на терен – Спортинг бара одложување

Стефан Ристовски и Бруно Фернандес треба да се појават на суд како сведоци на 4. декември, а во тек е судскиот процес против 44 лица кои се обвинети за напад на играчите на клубот од Лисабон што се случи во финишот на ланската сезона.

Осум фудбалери на Спортинг треба да сведочат во декември, а проблем има уште на стартот. Ристовски и капитенот Фернандес треба да се појават во судот на 4. декември, ден кога Спортинг ќе игра со Жил Висенте во меч од Лига купот во Португалија.

Ристовски како и поголемиот дел од играчите на Спортинг беа во Академијата на клубот во Алкочете кога се случи нападот. Се шпекулираше дека поранешниот претседател на клубот Бруно Де Карвалјо е организатор на инцидентот што  во мај 2018 година, кога околу 50 лица со фантомки на главите ги нападнаа фудбалерите на Спортинг и членовите на стручниот штаб.

Судењето е во тек и под истрага се 44 лица, а ќе сведочат осуммина фудбалери, меѓу кои и македонскиот репрезентативец Ристовски.

Вечерва од 21 часот се очекува Стефан да игра за Спортинг на дуелот од Европа Лигата против ПСВ Ајндховен во Лисабон. Со победа лавовите ќе бидат сигурни патници во следната фаза на ова натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести