Ристовски ја сака „својата“ Риека, но сака и да ја победува

Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб го добија дербито против Риека со сигурни 2-0 во 24-тото коло од хрватското првенство. Нашиот бек славеше против саканата Риека против која се соочи првпат во својата кариера откако го напушти клубот во 2017 година.

Македонските репрезентативци подразбирливо беа стартери на средбата, а Модрите командувани од капитенот Адеми со погодоците на Иванушец во 27-та и Орсиќ во 64-тата минута ја запишаа 17-тата лигашка победа.

Динамо така се врати на првото место на табелата со 54 бода, два повеќе од Осиек, додека продолжува лошата серија на Риека која стои на петтото место со 32 бода.

- Оглас -

Најнови вести