Капитенот Стефан Ристовски е оптимист дека македонската селекција ќе направи историски подвиг.
„Ова е еден од најважните мечеви во историјата на нашиот фудбал. Можеби светот не веруваше дека ќе бидеме тука, но не е случајност. Оваа репрезентација има нешто што другите го немаат. Горд сум, се чувствувам исполнето и спремни сме за ова големо финале. Затоа е интересен фудбалот, мора да се носиш со големи репрезентации. Ќе играме против 50.000 Португалци на трибините, но се надеваме на ново изненадување. Ја знам Португалија, син ми е роден тука, имам убави спомени, радосен што сум оставил трага. Во одличен однос сум со некои играчи од Спортинг. Менталитетот на Португалците го знам, на ваков меч се заборава пријателство, играме за нашата татковина. Овој меч за нас може да донесе историски успех. Нема што да изгубиме, може само да добиеме. Ако победиме, може ќе биде најголем успех во историјата на македонскиот спорт, конкуренцијата расте во светот, ние пред 7-8 години бевме во изолирана ситуација“, изјави Ристовски.