Ристовски јуниор знае да промаши, но сè почесто и погодува

Милан Ристовски знае и да промаши, но сè почесто погодува, па и денеска беше стрелец на еден гол за Спартак Транава во победата од 2:0 против Микулаш во Првата лига на Словачка.

Помладиот брат на Стефан Ристовски најпрво промаши пенал во 64-тата минута, а потоа погоди од игра со гол, што му е седми сезонава за еден од најпознатите клубови во Словачка.

Со учинок од 7 погодоци, Милан е на делба на второто место со најдобри стрелци во првенството, а ако го погодеше пеналот, ќе беше на врвот заедно со Езекил Хенти од Слован Братислава.

Токму со него ќе ја води и битката за голгетер во Словачка, но и за шампионската круна бидејќи Слован е главен конкурент на Спартак Трнава за шампионската титула.

Тимот од Братислава по 14 кола, има 35 бода, а Спартак е втор со 32 бода. Ристовски е стандарден репрезентативец на Македонија и утре треба да се појави на првиот собир на македонската репрезентација пред последните два квалификациски дуели за пласман на Мундијалот во Катар, против Еременија и Исланд.

Со Ерменците ќе играме на 11 ноември во Ереван, а три дена подоцна ги завршуваме квалификациите со меч против Исланд во Скопје.

 

 

- Оглас -

Најнови вести