Ристовски ќе мора да замине од Спортинг – Му растат акциите на Аморим, рангиран е како втор најперспективен тренер во Европа

Стефан Ристовски ќе мора што поскоро да замине од Спортинг Лисабон, бидејќи позицијата му е лоша, откако тренерот Рубен Аморим го немаше во своите планови нашиот десен бек уште при доаѓањето од Брага во редовите на португалскиот гигант.

Аморим кој е еден од најскапите тренери на сите времиња и за него Спортинг и плати на Брага над 10 милиони евра, неодамна, заедно со раководството на Спортинг го префрли Ристовски да тренира со младинскиот тим.

Сега и позициите на 35-годишниот тренер се зацврстија, Спортинг игра добро и е лидер во порѕугалското првенство, а Аморим доби и убаво признание од реномираниот шпански „АС“.

Спортскиот медиум од Шпанија го рангира стратегот на Спортинг како втор најперспективен тренер во Европа, зад Јулијан Наглесман од Лајпциг, кој е уште помлад од Аморим.

Ристовски одби и трансфер во Русија, во Динамо Москва во летниот трансфер период, по што беше казнет, па јасно е дека во иднина тешко може да конкурира за првиот тим на Спортинг, се додека кормилар е Аморим.

Македонија, чиј стандарден репрезентативец и заменик капитен е Ристовски ќе игра на Европското првенство во јуни и јули идната година, па последна шанса да смени средина и да игра пред стартот на ЕП, нашиот репрезентативец ќе има во зимскиот преоден рок.

 

 

- Оглас -

Најнови вести