Ристовски: Ќе направиме сè за да ја израдуваме Македонија

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, е оптимист пред утрешниот меч против Италија, иако јасно е дека актуелниот европски првак и некогашен четирикратен светски шампион е во улога на голем фаворит.

„Горд сум што сум тука, на оваа прес-конференција и сум предводник како капитен на оваа репрезентација. Дојде и тој ден, ќе играме бараж за СП. За нас нема поголем мотив да се игра еден ваков натпревар против европски првак“, вели Ристовски.

Капитенот не знаел дека еден ден по мечот на селекторот Милевски му е роденден, но вети дека ќе се обиде да донесе голема радост. „Не знаев дека му е роденден на селекторот, но се надевам дека ќе му ја исполниме желба, која е и желба на секој Македонец“, додава Ристовски.

Десниот бек знае дека ќе има многу работа во дефанзивата да се спречат нападите на домашниот тим. „Италија е европски првак и не би издвојувал ниту еден играч посебно. Најсилни се како колектив. Знаеме што значат Кјелини и Бонучи во играта на Италија и се надевам дека нашите напаѓачи ќе го искористат фактот дека тие двајца нема да играат“, рече Ристовски на прес-конференцијата пред мечот во Палермо.

- Оглас -

Најнови вести