Капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, имаше свое излегување по средбата против Португалија.
Тој се осврна на натпреварот, како и на миговите коишто ги мина во оваа земја, но и откри за кого ќе навива на претстојното Светско првенство.
„Честитки за Португалија, којашто доминираше и заслужено победи, а ние ќе заминеме со високо кренати глави бидејќи никој не веруваше дека дотука ќе стигнеме.
Ќе навивам за Португалија на ова СП бидејќи мал дел од мене се чувствува како Португалец. Мојот син е роден тука, а имам и пасош од оваа земја. Се надевам дека Португалија ќе победи во Катар, а нам ни останува да работиме и да растеме“, изјави Ристовски.