Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски верува дека може да се стигне до позитивен резултат во дуелот против Украина иако гостите се тие кои ќе бидат фаворити.
„Украина е селекција којашто од тие под наводници нефаворити, е најголем фаворит. Одлична селекција со фудбалери коишто играат во силни екипи. Против вакви селекции не смее да се прават грешки затоа што веднаш ги користат. Имаат предобри индивидуални квалитети. Ако сакаме да се надеваме за трка во оваа група, мора да направиме добар резултат утре. Тој што победува, оди напред. Треба да одиграме перфектен меч, сите играат фудбал, се надевам дека ќе биде добро.“, вели Ристовски.
Капитенот беше дел и од мечот против Украина пред две години на Европското првенство, а вели дека ситуацијата е поинаква.
„Натпреварот на ЕП сигурно е поинаков од тој што нè очекува утре. Пред две години одигравме две различни полувремиња. На полувреме губевме 2:0, а потоа ние одигравме солидно второ полувреме“, додава Ристовски.