Динамо Загреб останува безбеден на првото место на табелата во хрватското првенство, после денешната победа над Горица од 2-1.
Модрите од Загреб до победата дојдоа тешко, со гол на Оршиќ во 89-та минута. Во 55-та минута гол за водство на Динамо од 1-0 даде македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, а асистент му беше репрезентативниот колега Стефан Ристовски. Инаку, Ристовски кој играше 69 минути, денеска слави роденден, наполни 30 години.
Во 86-та минута кај Горица во игра влезе Влатко Стојановски, но за негова жал, три минути подоцна Горица прими гол и остана без бод од ова гостување на „Максимир“. Сега Динамо има 6 бода предност во однос на Осиек и Риека, а осум пред Хајдук, кој има и еден меч помалку.
Погодокот во режија на македонските репрезентативци може да го видите ТУКА.