Стефан Ристовски ќе го пропушти и третиот официјален меч во новата сезона за Спортинг и второто дерби откако не настапи против лутиот ривал Бенфика во Суперкупот на Португалија.
Нашиот репрезентативец нема да настапи ниту против Брага во недела на „Жозе Алваладе“, домот на Спортинг, а го прескокна и мечот од првото коло во португалското првенство со Маритимо.
Ристовски беше повреден, а сега работи под посебен режим со цел што побрзо да биде комплетно фит и да му се приклучи на првиот состав.
Лани беше стандарден во стартниот состав на популарните Лавови, па се очекува наскоро повторно да ја заземе позицијата на десен бек. Имаше шпекулации дека можеби и ќе си замине, пред сè во Италија, но веројатно ќе остане во Спортинг и ќе го продолжи договорот со клубот од Лисабон.