Ристовски не игра против Ливерпул, но Спортинг не треба да биде отпишан

Ливерпул – Спортинг Лисабон (02.05 часот)

На „Јенки стадионот“ во Њујорк, европскиот првак ќе се обиде да остави подобар впечаток отколку на дуелите со Борусија и Севилја, кога даваше гол(ови), но губеше. Иако резултатот е во втор план, честа веројатно нема да им дозволи да загубат и од Спортинг. Во тимот на Спортинг ќе го нема Стефан Ристовски, кој поради повреда остана во Лисабон и не отпатува во САД, а кај Ливерпул ќе го нема ударното трио Фирмино-Салах-Мане.

Предлог тип: ГГ второ (2.62)

 

Фиорентина – Бенфика (02.00 часот)

Виолетовите делуваа опасно во подготвителниот период, кога врзаа три победи по ред, од кои едната со 21-0, но се сопнаа против првиот посериозен противник и загубија од Арсенал со 0-3. Бенфика ја победи Гвадалахара со 3-0, а ако е некакво мерило, Фиорентина три дена порано против истиот мексикански тим славеше со 2-1. Квотите ги фаворизираат Португалците, но не е исклучено да има и пенали.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.87)

 

Насионал – Интернасионал (00.15 часот)

Ова е прв дуел од осминафиналето во Копа Либертадорес кој ќе го суди познатиот Аргентинец Нестор Питана, па нема да има попуст ниту за Уругвајците, ниту за Бразилците. Овие клубови цели 12 години немаат играно меѓу себе. Насионал не е особено ефикасен домаќин, но и Интернасионал не е гостин од кој треба да се стравува. Би требало да има голови, но веројатно реваншот ќе биде пресуден.

Предлог тип: 2-3 гола (2.05)

 

Сан Лоренцо – Серо Портењо (00.15 часот)

Проблем за аргентинскиот тим е што нема играно од 23 мај, а и во своите последни пет меча не знаеше за победа. Од друга страна, Парагвајците се во добра форма, имаат четири победи по ред, сите без примен гол. Затоа средбава од осминафиналето во Копа Либертадорес е сериозен тест за двата тима.

Предлог тип: НГ & 0-2 (1.74)

 

Атлетико Паранаенсе – Бока јуниорс (02.30 часот)

Атлетико и Бока играа меѓу себе во минатата сезона во Копа Либертадорес, но тогаш во групнага фаза и двата меча завршија со победи на домашните. Кога Бразилците беа домаќини, тие славеа со 3-0. Аргентинците, кои лани беа финалисти, и овојпат нема да си поминат многу подобро кај Атлетико, но веројатно нема да си дозволат убедлив пораз кој би им ги скратил надежите за пласман понатаму.

Предлог тип: 1 (2.05)

- Оглас -

Најнови вести