Порто ја освои 29-тата шампионска титула во Португалија по победата од 2-0 вчера над Спортинг Лисабон во дербито на 32-рото коло. На два натпревари до крајот на првенството, Змејовите ја осигурија титулата за која им беше доволен и еден бод, но сепак успехот се потврди со триумф во дербито.
Домаќините мораа да чекаат до 64-тата минута за водечкиот гол, кој го постигна Данило, десетина минути пред Стефан Ристовски да го напушти теренот. Македонскиот репрезентативец се најде во стартниот состав на Лавовите и го заврши мечот по околу 70 минути.
Марега во судиското надополнување ги реши дилемите на средбата, а и на самиот шампионат во Португалија.
Golo do @FCPorto ! Golo de Danilo! É o capitão dos dragões que dá vantagem aos azuis e brancos no clássico! FC Porto cada vez mais perto de ser campeão. pic.twitter.com/PnZWvqsxZO
— SPORT TV (@SPORTTVPortugal) July 15, 2020