Ристовски остана без тренер, Кајзер го напушти Спортинг

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски во најскоро време ќе добие нов тренер бидејќи Спортинг Лисабон ја прекина соработката со Марсел Кајзер. Двете страни се согласија да го раскинат договорот потпишан во ноември минатата година, иако се очекуваше Холанѓанецот да се задржи на клупата најмалку до 2021 година.

До назначување нов кормилар, првиот тим на Спортинг ќе го предводи тренерот на резервистите, Леонел Понтес. Колку и да е лоша ситуацијата во клубот, доаѓањето на нов тренер може да биде добро за Ристовски и да добива поголема минутажа, нешто што не му овозможи Кајзер на стартот од оваа сезона.

По четири кола во португалската Примера, Спортинг го зазема петтото место со седум бода, односно две победи и по едно реми и пораз.

- Оглас -

Најнови вести