Голманот Борко Ристовски беше разочаран од поразот, а по завршување на дуелот со Австрија откри зошто решил јавно преку фејсбук да се обрати и тоа токму пред мечот со домаќинот.
„Можеби ја победивме Украина, која е далеку од елитата, но дуелите со Чешка и Украина се јасни знаци на нашата немоќ. Не се работи за квалитет, туку за храброст, да играте за својата чест и за екипата. По дуелот со Украина нѐ фати еуфорија, малку како да се загубивме по тоа. Статусот го напишав за да го тргнам притисокот од младите, за јавноста да зборува за мене, не за нив. Тие требаше да бидат опуштени. Немав откриено до сега и не сакав, но ете тоа беше причината која за жал не ни помогна многу“, рече Ристовски.