Милан Ристовски во иднина треба да биде еден од предводниците на македонската фудбалска репрезентација.
Актуелниот член на Спартак Трнава даде изјава за медиумите за претстојниот натпревар против Лихтенштајн.
„Ова можеби е најзначаен натпревар за неа бидејќи ако победиме, Германија ќе ја дочекаме со добра атмосфера. Сметам дека нема полесен или потежок натпревар, секој е сам по себе тежок. Треба да дадеме максимум и се надевам дека ќе одиграме добро“, изјави Ристовски.
Членот на Спартак Трнава има еден постигнат гол за националниот тим, и тоа на пријателскиот меч против Казахстан на којшто победивме со 4:0.