Динамо Загреб е се подалеку од одбраната на трофејот во хрватското првенство. „Модрите“ имаа двапати водство против вечниот ривал, Хајдук, но на крајот мечот заврши 2-2, а Динамо со само девет фудбалери на теренот.
Еден од клучните моменти на мечот беше црвениот картон за Стефан Ристовски, кој „пожолте“ во 55-рата и 62-рата минута, па мораше да ја напушти играта.
„Сакам да им се извинам на соиграчите и на навивачите за исклучувањето кое го добив на овој важен натпревар. Секогаш давам се од себе и секој дуел доаѓа од желба да ѝ помогнам на екипата. Денес, за жал, тоа резултираше со исклучување, со кое само им ја отежнав работата на соиграчите. Можам само да се извинам и да ветам дека нема да се предадеме. Додека постои и најмала шанса за одбрана на титулата, нема да се откажеме.“ – напиша Стефан Ристовски на социјалните мрежи.