Ристовски прецизен од белата точка, Спортинг ќе игра за титулата на Купот против Порто

Спортинг Лисабон ќе игра меч за титулата во Лига купот на Португалија откако вечерва на пенали ја елиминира Брага. Во вистинска драма, „лавовите“ беа подобри пеналџии и победија со 4-3 по ударите од белата точка.

Во регуларниот дел беше 1-1, па веднаш се шутираа пенали. Двете екипи почнаа со по три утки во четири серии, а потоа поуспешни беа гостите.

Стефан Ристовски го одигра целиот меч, беше и прецизен во шестата серија, потоа погоди и Џеферсон за Спортинг, а за Брага утна Рикардо, со што им донесе голема радост на играчите од Лисабон.

Во регуларниот дел Соуса во третата минута ѝ донесе предност на Брага, а израмни Коатес во 37-мата минута. До крајот немаше голови, па пенал-рулетот го одлучи вториот финалист во Лига купот.

Вчера Порто ја победи Бенфика со 3-1 и ќе игра со Спортинг за титулата.

- Оглас -

Најнови вести