Борко Ристовски нанижа 14 одбрани и постигна неверојатни 4 погодоци од гол на гол, а одлично и на спротивната страна за Порто брани Николче Митревски.
Двајцата македонски голмани и репрезентативци брилјираат во „Јане Сандански“ а чуварот на мрежата на Вардар е за нијанса со повеќе одбрани од Митревски,кој фати 10 топки.
Голманот на Порто исто така повторно има свој ден и пак со прекрасна двојјна одбрана се пријави во изборот за најдобра одбрана на колото во Лигата на шампионите.
https://twitter.com/ehfcl/status/1319360151149740035?s=20
Минатата рунда Митревски го имаше и потегот на колото и најдобрата одбрана кога со невиден потег одбрани обид за цепелин на ракометарите на ПИК Сегед.