Ристовски се враќа на местото на успехот, веќе играше за Динамо против Риека и се радуваше а петарда

Стефан Ристовски е запишан со златни букви во историската книга на Риека, како дел од генерацијата која во сезоната 2018/19 ја прекина долгогодишната доминација на Динамо Загреб и е единствена во 114-годишната историја на клубот што освои двојна круна.

Сега токму во дресот на големиот ривал Динамо Загреб се враќа по вторпат на „Руевица“ на дерби против својот поранешен клуб Риека.

Првиот кам-бек беше со петарда во мрежата на Риека, а Динамо лани со 5:1 го победи ривалот како гостин.

„Ако не се лажам со таа победа ја освоивме шампионската титула. Сеедно што тогаш славевме убедливо, натпреварите меѓу Риека и Динамо се дерби мечеви, пракрасна приказна и вистински фудбалски спектакл. Јас засекогаш ќе имам симпатии кон Риека, бев дел од генерацијата што освои двојна круна за првпат во историјата на клубот и тоа не можесо ништо да се замени. Но, сега сум играч на Динамо и очекувам нова победа“, вели Ристивски за „Спортске новости“.

Како и секогаш кога Динамо Загреб е во прашање неизоставен дел е Аријан Адеми. Капоитенот на Динамо и соиграч на Ристовски и во репрезентацијата на Македонија, за жал повторно се повреди и ќе отсуствува неколку месеци.

Така објавија од медицинскиот тим на популарните Модри, а Ристовски раскажува како се повреди Адеми.

„Кога Хаверц буквално падна на скочниот зглоб на Аријан помислив дека е многу незгодно. Уште кога го слушнав крикот на Адеми си помислив само да не е скршеница. Тој е голем борец, мотор на Динамо и на македонската репрезентација и без него никогаш не е лесно. Го видов во клубот, нормално оди и се надевам дека брзо ќе закрепне и ќе ни помогне и во Динамо и во репрезентацијата. Таков борец и квалитетен фудбалер му е потребен на секој тим“, изјави Ристовски.

Утре ривал ќе му биде Дарко Велковски, кој игра за Риека, а дербито на „Руевица“ ќе почне во 17.05 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести