Нема голови на дуелот помеѓу Англија и Македонија, а нашиот капитен Стефан Ристовски по судир со главите со Хари Кејн, се здоби со повреда, па мораше да биде неколку минути аут.
Кејн мина со модринка на челото, а од главата на Ристовски потече крв, но, за среќа, тој се врати на терен и ќе им помогне на соиграчите.