Динамо Загреб го победи Хајдук и тоа во Сплит на полниот стадион „Пољуд“, што предизвика делириум кај гостинските фанови. Бруно Петковиќ го даде единствениот гол, доволен за победа и три бода на Динамо Загреб.
Со оваа победа, Динамо стигна до 57 бодови и се искачи на второто место на табелата. Само Ријека со 62 бодови е пред актуелниот првак. По завршување на дербито на „Пољуд“, македонскиот интернационалец Стефан Ристовски беше највесел и славеше заедно со навивачите на гостинскиот тим. Ристовски истрча до трибината, се кажи на оградата и заедно скандираше до фановите.
Шоуто што го приреди Ристовски со навивачите на Динамо, може да го видите ТУКА.
View this post on Instagram