По убедливиот пораз од Борац во Бања Лука (1-5) во петтото коло од Премиер лигата на БиХ, фудбалерите на Сараево остро го критикуваа судењето, обвинувајќи ги арбитрите за низа спорни одлуки. Најгласен во критиките беше македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.
На социјалните мрежи Ристовски саркастично напиша: „Добре дојдовте во аматерската Премиер лига. Да живее Тито“.

Поранешната ѕвезда на Динамо Загреб брзо ја избриша објавата, но казната, според најавите, сепак ќе ја добие.
Сараево смета дека клучниот момент бил поништувањето на погодокот за 2-2, кога арбитрите проценија дека Млинарич играл со рака. Спорен момент беше и досудениот пенал по прекршок направен од Ристовски.
Тренерот на Сараево, Хусреф Мусемиќ, сепак остана воздржан:
„Резултатот не ја отсликува вистинската слика на теренот. Мораме што побрзо да се исправиме, животот продолжува. Ќе го анализираме натпреварот и ќе извлечеме поука“, изјави тој по натпреварот.