Ривалдо не гледа никаков напредок со Сетиен во Барса

Нема кој да даде гол со удар надвор од шеснаесетникот за Барселона, а тоа не успева да го корегира ниту новиот тренер Кике Сетиен, вели големиот фудбалски ас Ривалдо.

Бразилецот играше за Барселона од 1997 до 2002 година и ги следи состојбите во својот поранешен клуб.

„Сетиен не донесе никаков напредок, значајна промена во играта на Барселона. Истото му се случува на клубот, како и со претходниот тренер Валверде. Никој не се обидува да даде гол со удар надвот од шеснаесетникот, од далечина. Сите обиди се да се затресе мрежата со акции, кои завршуваат во противничкиот простор од 16 метри. Тоа очигледно веќе не носи резултат како порано“, вели Ривалдо.

Барселона го чека големото шпанско дерби, а новото Ел Класико ќе се игра задутре од 21 часот. Реал Мадрид ќе и биде домаќин на Барселона на „Сантијаго Бернабеу“.

Каталонците и покрај критиките на Ривалдо, кои се чини дека се реалност за Барса, сепак имаа шанси да освојат пехари на два фронта. Во Ла Лига се лидери, пред Реал Мадрид, а и во осминафиналето на Лигата на шампионите имаат добар резултат од првиот меч со Наполи на гости, каде ремизираа 1:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести