Ривалите од Манчестер со пораки за сочувство: „Шокирани сме, почивај во мир Диого“

Премиерлигашите од Манчестер, Јунајтед и Сити, инаку големи ривали на Ливерпул, се огласија со соопштенија во кои изразија сочуство за трагичното загинување на Диого Жота.

„Наше најдлабоко сочувство упатено кон саканите на Диого Жота и неговиот брат Андре, како и на сите во Ливерпул, после денешните тажни вести.“ – се вели во пораката од Манчестер јунајтед.

Шок и неверување и кај ривалот за трофеите во Англија, Манчестер сити.

„Сите во Манчестер сити се шокирани и ожалостени од информацијата за смртта на Диого Жота. Испраќаме искрено сочувство до неговото семејство и пријателите, како и на сите во Ливерпул во овие тешки моменти. Почивај во мир Диого.“ – се вели во пораката испратена од „граѓаните“.

- Оглас -

Најнови вести