Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, во кариерата има дадено шест гола во полуфиналните средби од Лигата на шампионите, а интересно е што тие голови му се само на три меча, и тоа како во олимписки циклуси, на секои четири години.
Меси првпат погоди на полуфинален меч во 2011 година против Реал Мадрид, кога даде два гола. До следниот полуфинален гол чекаше четири години, до 2015 против Баерн, кога исто така беше двоен стрелец. Следуваше нов четиригодишен пост, а сега негова жртва е Ливерпул.
Ако продолжи во ваков ритам, евентуалните ривали на Барса во полуфиналето не треба да се плашат од него во следните три години, но во 2023, кога Аргентинецот ќе има 35 години, ќе мора многу да внимаваат на него.