Ривалот на Новак нема дилеми: Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња

Рускиот тенисер Данил Медведев, пред стартот на последниот годинешен гренслем турнир, САД опен, упати комплитементи кон главниот фаворит за титулата, Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ минатата година не настапи на Отвореното првенство на САД бидејќи му беше забранет влез во земјата бидејќи не беше невакциниран против коронавирусот, а на последниот настап пред две години, загуби во финалето и тоа токму од Медведев.

„Одлично е што Новак се врати. Отсекогаш сум велел дека сакам да игра на секој турнир, посебно сега кога излега ептен млад. Реалноста е Новак да се пензионира, но никој не знае кога, дали на 45 или 40 години. За мене тој е најдобриот тенисер на сите времиња“, изјави Медведев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести